Триевес регион, Франција

Искуствата со одгледување на КРР во регионот Рон – Алпи се значително ретки и воглавно се повеќе  поврзани за интензивна експлоатација отколку за одржливо производство. Во подрачјето Боургоин каде се наоѓа регионот Триевес, постои само една плантажа со КРР. Плантажата е подигната како резултат на соработката помеѓу приватна шумаска задруга (COFORET) и индивидуален земјоделец. Целта на овој проект е тестирањето на условите за одгледување на КРР. Моделот на одгледување на КРР во Франција обично подразбира производство на богата почва со наводнување, при што се вбројува во интензивно индустриско производство. Постои потреба за промоција на добри земјоделски пракси и одржлив развој на КРР. Преку активностите од  SRCplus проектот се очекува значително да придонесат во развој на одржливо производство на КРР во целиот регион и пошироко.

france 1

france 2

france 3