Видземе регион, Латвија

Во Латвија плантажите со КРР се сеуште новост, само одредени понапредни фармери се занимаваат со КРР, кои сметаат дека КРР е добра можност за одржливо производство на енергија. Пазарот за дрвен чипс е развиен, но сеуште  не постојат синџири за снабдување со КРР. Првите  40 хектари плантажи за комерцијални индустриски цели се пожнеани во 2014 година.  Моментално во Латвија  засадени се само 350 хектари  со КРР. Основна причина за ваквата состојба претставува недостатокот на знаења и искуства во производството и користењето на КРР. Исто така не постои соработка меѓу фармерите за жетвата, продажбата и доставата на суровина до крајните корисници.

Поради тоа, важно е да се покренат активности кои ќе го поттикнат развојот на локалните синџири на снабдување  со КРР во Латвија. Исто така, потребно е да се организираат активности за информирање на учесниците и овозможување на соработка меѓу нив во поглед на производството и користењето на КРР.

Во споредба со водечките земји каде е развиено производството на КРР, во Латвија засадени се површини од помали размери. Според тоа потребно е да се разгледаат примери на добра пракса од другите земји кои имаат слични услови како Латвија. Според наведеното, производството на КРР би можело да биде исплатливо и успешно.

Регионот Видземе е одбран за проектните активности во Латвија. Во овој регион се наоѓаат најголемите плантажи со КРР (околу 230 хектари КРР врба). Локалните земјоделци планираат да ги зголемат површините со КРР во најблиска иднина. Регионот Видземе зазема територија од 15,257 км2, или 24% од територијата на Латвија. Административно е поделена на 25 општини и еден град - Валмиера. Регионот има 240,000 жители, во него се наоѓаат 188 заштитени подрачја. Земјоделското земјиште изнесува 35% од вкупната површина на регионот.

 

latvia 1

latvia 2

latvia 3