Преспа  регион, Република Македонија

Стимулацијата на инвестициите во обновливи извори на енергија, како и поголемата вклученост на истите во енергетската потрошувачка, се една од основните стратешки цели на Владата на Република Македонија. Како држава кандидат за членство во Европската Унија, Република Македонија активно работи на усогласување на регулативите со Европската регулатива, посебно во областа на енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија. Со цел да се промовираат обновливите извори на енергија во Република Македонија, земјата се придружува на програмата на ЕУ (Intelligent Energy for Europe Programme). Според националната стратегија за обновливи извори на енергија, потребите за користење на биомаса за енергија и електрична енергија во Република Македонија се многу големи. Иако Република Македонија има поволни можности за искористување на обновливите извори на енергија, вклучувајќи ги и КРР, производството на биомаса во моментов е многу ограничен.

Моментално, не постојат плантажи засадени со КРР во регионот Преспа нити во Република Македонија воопшто. Општина Ресен е сместена во југозападниот дел од Република Македонија во преспанскиот регион. Преспанскиот регион претставува една природна целина кој се протега во три соседни држави, Република Македонија, Албанија и Грција. Најголем дел припаѓа во Република Македонија кој е богат со природни убавини, Преспанското езеро, прекрасни планини, земјоделски површини, богата флора и фауна со ендемични примероци на птици, билки и дрвја. Постои големо културно богатство, традиција, историја и гостопримство. Општина Ресен има околу 17,000 жители во која се наоѓа градот Ресен со околу 9,000 жители. Главно занимање на населението е земјоделското производство - најповеќе производството на јаболко и останато овошје како цреша, сливи, круши како и развојот на рурален туризам. Регионот е избран поради големиот земјоделски потенцијал кој го поседува при што пости реална можност за производство на КРР.

Овој проект ќе придонесе преку неговите активности да се зајакнат капацитетите на вклучените актери во локалните синџири за снабдување со КРР во поглед на методите на засадување и одгледување на КРР во Република Мкедонија и посебно во општина Ресен. При тоа ќе се споделат добри практични примери кои ќе бидат од особено значење за развојот  на пазарот за КРР во Република Македонија.

 

macedonia 1

macedonia 2

macedonia 3