За SRCplus

Држави во кои има најголеми области засадени со Кратко Ротирачки Дрвени Растенија – КРР за добивање енергија се: Шведска, Велика Британија и Полска. Поради недостигот на информации и обуки за градење на капацитетите за одржливо производство на КРР, голем потенцијал во останатите Европски земји останува неискористен. Од друга страна, постои растечки интерес за дрвен чипс, воглавно како резултат на националните и Европските политики за енергија. Ваквата состојба создава неусогласеност помеѓу зголемената побарувачка и снабдувањето во повеќе земји од Европа. Зголемената побарувачка за дрвена биомаса како енергетски извор  бара одржлив развој на локални синџири, вклучувајки го и производството на КРР. Конзорциумот на овој проект е формиран да одговори на оваа потреба и да имплементира активности за да се справи со бариерите на пазарот за КРР.

SRCplus проектот е имплементиран во 8 целни региони и тоа во Германија, Хрватска, Латвија, Франција, Чешка, Грција и Македонија. Во проектот е вклучена и организација од Шведска како партнер во проектот која има долгогодишно искуство со КРР во Шведска.